речник контакт

Сушата на Рогот на Африка: Визија за пеколот!

Трагични судбини на илјадници луѓе во Сомалија а светот е нем и молчи. Потресни сведоштва на лекарскиот персонал во овој заборавен дел на светот.

Петар Печков

На сточниот пазар во средиштето на бегалскиот камп Дадаб во источна Кенија, сточарите се обидуваат да го продадат она што им остана од живата стока.

Но, никој не сака да купи крави и кози кои тука се продаваат за џабе, заради шансите дека тие наскоро ќе бидат мртви.

Тука никаде нема трева за пасење: пасиштата се исушени и песокливи, а во изминатите две години скоро и да не заврнало.

- Ја продавам стоката по багателни цени, вели еден човек. - Практично, ги подарувам.

Недалеку, пејсажот е исполнет со мрши од пцовисани животни.

Во овој дел од светот, живата стока е единственото она што тие го поседуваат: имот, капитал, заштеда и приход. Кога животното ќе пцовиса, тоа често значи дека и луѓето ги чека истото.

Низ разшетаната маса народ во бегалскот камп Дадаб - на површина од 50-тина километри - сега има неколку гробишта, мали купишта на земја каде постојано се закопуваат изгладнетите бегалци од Сомалија.

Вообичаено гробовите се многу мали: смртноста на децата во кампот во изминатите неколку месеци се зголеми за три пати, известуваат од Обединетите нации.

Најмладите - децата под пет години - се посебно ранливи заради изгладнетост и заради сите болести и зарази кои се тука присутни, како што се пневмонијата и дијарејата.

Секој ден тука пристигнуваат повеќе од 1.000 лица. Дадаб стана пренаселен и без хигиенска заштита. Директорот на кампот ми рече дека наскоро тука ќе има половина милион луѓе - ова сеж повеќе личи на град отколку на камп.

Многумина од дојденците пешачат и со денови за да пристигнат тука, безнадежно бегајќи не само од сушата во Сомалија, туку и од бескрајната граѓанска војна.

Посебно изгладнети и дехидрирани кога ќе пристигнат се децата. Трагичната вистина е оти некои од нив ќе умрат само по неколку дена откако ќе пристигнат тука.

Истурената линија на кризата

Катерина Ендрју е швајцарска медицинска сестра од лекарската агенција за помош „Лекари без граници“ (МСФ), и нејзина задача е да помага во приоретизирање на кои деца им е најитно потребна помош.

Бебињата се мерат по тежина и должина - обично тие врескаат и плачат додека ги ставаат во црни пластични кофи за ги измерат. Понекогаш шестмесечните деца или дури и едногодишните тежат колку штотуку родени бебиња.

Ендрју е на истурените позиции во оваа криза која нема крај - една жена опкружена со безброј лица која работи френетично да спаси животи додека ветерот дига облаци од прашина околу неа, а бебињата вриштат и повраќаат.

 Пристигнав тука пред неколку дена и првата реакција ми беше: „Боже мил!“, ми рече таа.

Ендрју брза наоколу делејќи енегетски бисквити и проверува кои бебиња треба итно да бидат пренесени во една од клиниките во кампот.

Неодамна едно дете кое таа го негувала починало и таа тагувала заедно со неговата мајка.

Бебето умираше. Се обидував да сторам нешто, но тоа само си умре во моите раце; со тоа е навистина тешко да се соочите. Плачев заедно со неговата мајка. Можеби по тоа ќе биде тешко да се вратите на работа, но тоа исто така може да биде и мотивација повеќе, бидејќи сме тука за да ја подобриме ситуацијата.

Но, понекогаш Ендрју треба да ги убеди мајките да одат заедно со неа за да ги однесат изгладнетите деца во болница.

„Светот не сака да слуша“

Често тие не сакаат да одат - тие велат дека треба да обезбедат храна, вода и оган за другите нивни деца - кои се често по седум или осум - и дека не можат да си дозволат да бидат далеку од нивните семејства.

За некои мајки, слабите и неухранети деца станаа товар и подготвени се да ги остават да умрат - тоа е жртва која треба да се поднесе за да се спасат нивните други деца.

Луѓето кои помагаат, како што е Абубакар, треба жестоко да преговараат со мајките за да ги убедат да го сменат мислењето.

Некои семејства веќе ги подготвиле своите деца за умирање и мораме да интервенираме и да им кажеме дека тоа нема да биде можно, дека децата се сеуште живи и дека можат да преживеат, и затоа треба да им се даде шанса. Затоа се обидуваме да преговараме со нив. Тоа е тешко, но понекогаш успеваме.

Тој се обидува да ги однесе најболните деца во центарот на МСФ за интензивно теврапевтско хранење.

Внатре, тоа е слика од пеколот

Мали, изнемоштени деца со збрчкана кожа кој им виси на коските, со испакнати ребра и испакнати очи кои гледаат безволно, и преполно муви на нините лица - тоа се препознатлви слики од изгладнетата Африка.

Некои од нив умираат попат, некои додека се на нега, вели др. Кристофер Кариза. - Она што се обдуваме да го направиме тука изгледа како капка во океан, но океанот може да биде и без таа капка ако не пробаме. Тоа е предизвик, навистина голем предизвик.

Но, како е можно ова повторно да се случува, во јули 2011?

Еден помошник ми рече: „Требаше да имамае систем за предвремено предупредување, но која е целта да го преупредуваме остатокот од светот кога светот не сака да слуша?“

превземено од Би-Би-Си - Лондон

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »